Еко Солар е дел од проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“

Еко Солар е дел од проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“

Во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“, од 15-17 Јуни 2018 година, во хотел Сириус, Струмица, се одржа првиот заеднички тренинг за мали и средни претпријатија.

Првата заедничка обука имаше за цел претставување на постојни ЕУ програми за финансирање на проекти наменети за мали и средни претпријатија; запознавање со домашни извори на финансирање, како и првично запознавање со принципите за подготовка на проектна апликација.

Останатите 3 заеднички обуки ќе бидат насочени кон развој на проектна апликација  за финансирање преку ЕУ програмите, партнерства за успешно финансирање преку ЕУ програмите и обука на тема според проценка на потребите.

Освен реализирање на заедничките обуки, во рамките на проектот ќе се спроведе и  прилагодена менторска програма за развивање на капацитетите на малите и средни претпријатија за да си обебедат поголема конкурентност на глобалните пазари а со тоа и да продонесат кон зајакнување на економијата на Р. Македонија.

Проектот го спроведува Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Centro Estero per l’Internazionalizzazione S.c.p.a. CEIPIEMONTE S.c.p.a, Torino, Италија

Проектот е дел од Национална програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година Инструмент за пред пристапна помош, Компонента 1 (IPA I) финансиран од страна на Министерство за финансии на Р.Македонија, Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД)

Share this post