СОЛАРНАТА СУШАРА НА ЕКО СОЛАР ДОБИТНИК НА 1 МЕСТО НА САЕМОТ МАКИНОВА

СОЛАРНАТА СУШАРА НА ЕКО СОЛАР ДОБИТНИК НА 1 МЕСТО НА САЕМОТ МАКИНОВА

Соларната сушарница на „Еко солар“ – ECO 120 има можност за максимална апсорбција на сончевата енергија во текот на целиот ден. Тоа се постигнува со нашето иновативно решение да секоја страна на соларната сушарница е апсорбер. Главниот апсорбер е изработен од бакар, но и другите страни на сушарницата, исто така ефикасно апсорбираат сончеви зраци.

Дополнителна предност на суларната сушарница е електрониката што Еко солар ја користи во производството. Тоа овозможува процесот на сушење целосно да биде контролиран. Врз основа на производот што сакаме да го сушиме, ги внесуваме препорачаните параметри за сушење, со цел да добиеме краен производ со поголем квалитет. Доколкуна пример, во моментот кога се користи сушарницата, имаме сончево зрачење со мал интензитет, автоматски се вклучува електричниот грејач, се` до моментот додека не се постигне посакуваната температура. Тогаш исто така автоматски, самата електроника го исклучува грејачот.

Наградата за ЕкоНова беше едно пријатно изненадување за сите нас , бидејќи не ја очеквувавме ни најмалку. Добивме прво место во полето екологија од делот Макинова(дел за иновации) . Настапивме со соларна сушара поврзана со мобилна фотоволтаична единица , бидејќи процесот на сушење може да се одвива и на места каде нема електрична енергија. Производената ел.енергија ги задоволуваше потребите за електрониката, вентилаторите, мерната опрема  но не и за грејачите.

Share this post