Новости

Еко Солар ја презентираше соларната сушара на Четвртата Меѓународна Конференција за климатски промени

Повеќе од 100 учесници, претставници на граѓански организации од земјата кои работат на полето на заштита на животна средина и одржлив развој, домашни експерти, научници и практичари од областа на животната средина и климатските промени, имаа можност да ги проследат презентациите од научните трудови кои се изработени врз основа на тематските области кои беа наведени во информативното известување за Четвртата Меѓнародна Конференција за климатски промени.

Четвртата Меѓународна Конференција за климатски промени се одржа во рамки на 14та Годишна средба на здруженија на граѓани кои работат на полето на заштита на животната средина и одржлив развој. Овогодинешната Конференција беше организирана од страна на МКМ Институтот за одржлив развој и управување со климатски промени, а подржана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целта е да се овозможи дискусија за клучни прашања поврзани со климатските промени, да се стимулира вклучување на дискусија за климатските промени во процесите за развојно планирање и донесување одлуки на локално ниво, како и да се изнајдат нови начини за унапредување на урбаната отпорност кон климатските промени.

Во овие конференции неизоставен дел е научниот пристап кон климатските промени и улогата на науката во дебатата за климатските промени, која се манифестираше преку интересот за тематските области, како и изработка и пристигнување на голем број на научни трудови.

Во рамки на 14та годишна средба на граѓанските организации кои работат на полето на животната средина и одржлив развој, која се одржа на 18 и 19 ноември, 2017 година во Хотел Сириус, Струмица, беа презентирани неколку научни трудови кои беа избрани од страна на Научниот Комитет на 4-та меѓународна конференција за климатски промени.

Останатите научни трудови ќе бидат публикувани во Зборниот на трудови и Меѓународното списание бр.2 „Sustainability”.

Share this post