Воздушни соларни колектори, сушари за плодови и тестенини

ЕКО СОЛАР произведува воздушни соларни колектори, сушари за плодови, билки и тестенини. Веќе 10 години успешно ги вградуваме нашите колектори во хибридни сушари, каде што сонцето го загрева воздухот за сушење.

Со истата технологија догреваме простории во сончеви денови во доцна есен, зима и рана пролет. Дури и при надворешна температура од −5 °C, сериски поврзаните колектори можат да испорачаат воздух загреан на  50–60 °C.

Во нашата термички изолирана работилница од 170 m², со овој систем ги намаливме сметките за греење за 20–30%. Во одредени сончеви денови во ноември, декември, март и април, колекторите ја покриваат целата дневна потреба за греење. Во облачни и магливи денови, кога нивниот придонес е мал, користиме дополнително греење. Енергетска ефикасност на воздушен соларен колектор: 50–60%, во зависност од сончевото зрачење, брзината на протокот на воздух и условите за работа.

До 60% апсорпција на сончева енергија

Воздушен соларен систем

Иновација

Соларни сушари со селективна боја

До 80% апсорпција на сончева енергија

Термален систем

Наши нови производи

Побрзајте!

Понуда на денот!

Стапи во контакт и добиј попуст на воздушен систем

Популарни производи

graphic05 free img

Наши задоволни клиенти!

Ја купив најмалата сушара и резервен комплет од Инокс тацни. Го зголемив производството на суво овошје, зеленчук и зачини. Во иднина ќе купам поголема. Производител на суво овошје, зеленчук и зачини
Rated 5 out of 5
goce
Гоце Младеновски -Радовиш
Фамилијарна фирма “Младеновски”
Имаме голема сушара за плодови од 10 тони, но понекогаш ни треба да сушиме помали количини на сливи. Инвестиравме во две хибридни сушари, од 100 кг. од ЕКО СОЛАР за оваа цел во 2021 год.
Rated 5 out of 5
zoran
Зоран Кракутовски Берово
Со хибридната сушара ги намаливме трошоците за сушење на јапонски јаболки, печурки и тестенини. Дополнително создадовме нов производ “Мушрони“- тестенини од печурки.
Rated 5 out of 5
kristina negotino
Кристина – Неготино
„Електричната сушара ми овозможи природно сушење на овошје со минимални трошоци. Одлична инвестиција!“
Rated 4.5 out of 5
team 0
Драган Петров – земјоделец
„Системот за топла вода работи беспрекорно. Имаме топла вода во секое време, а сметките се намалени.“
Rated 5 out of 5
team 01
Марија Стојанова – домаќинка
„Монтажата на фотонапонските панели беше брза и професионална. Сега имаме сопствена електрична енергија.“
Rated 5 out of 5
Игор Карагунов
Игор Карагунов– претприемач
Сертификати и стандарди:
Shopping Cart