Обуки

за машини за сушење плодови, печурки или тестенини

🎓 Обуката е неопходна за правилно сушење

Современата сушара не е машина со која може правилно да се ракува само со случајно притискање на копчињата. За постигнување квалитетен производ, оптимална потрошувачка на енергија и сигурна работа, корисникот мора да ги разбере основните параметри: температурата, влажноста, времетраењето и протокот на воздух. Со секоја сушара обезбедуваме детално упатство со текст и слики, но практичната обука е незаменлива. Инстант знаење не постои – кратката почетна обука и внимателното читање на упатството спречуваат погрешно ракување, непотребни сервисни повици и загуба на производ. Затоа, обуката треба да се смета за составен дел од инвестицијата, а не како дополнителна обврска.

🎓 Како се спроведува обуката за користење на сушарата?

Обуката се изведува практично, директно на машината. Во присуство на корисникот, сушарата најмалку трипати се пушта во погон и се исклучува, со цел корисникот самостојно да ги совлада основните постапки за безбедно и правилно ракување.

За време на обуката се демонстрира:

  • вклучување и исклучување на сушарата;
  • поставување на температурата;
  • регулирање и следење на релативната влажност на воздухот;
  • поставување на времетраењето на сушењето;
  • регулирање на циркулацијата на воздухот во комората;
  • следење на работата и препознавање на основните известувања од контролниот систем.

Важно е да се нагласи дека не постои една универзална технологија за сушење на сите видови и сорти овошје и зеленчук. Параметрите се различни за слива, јаболко, домат, пиперка и за секој друг производ, а можат да се разликуваат и кај различни сорти од ист плод.

Производителот обезбедува обука за правилно ракување со машината, но не нуди конечна технологија или универзален рецепт за сушење. Оптималната технологија ја развива крајниот корисник преку практично искуство, пробни сушења и приспособување на параметрите.

Резултатот од сушењето зависи од повеќе фактори: видот и сортата на плодот, неговата почетна влажност и зрелост, дебелината и начинот на сечење, количината и распоредот на производот, поставената температура, циркулацијата на воздухот, времетраењето на процесот и посакуваната крајна содржина на влага во производот. Затоа, обуката за ракување е основа, додека успешната технологија на сушење се усовршува со искуство и контролирани практични испитувања.

img 20250428 075348

Најдобри понуди за соларни решенија!

Тим што работи за вас

slika direktorot

Консултации и обуки

дипл.маш.инж Зоран Трајков
Управител

Стефан Трајков

Поддршка и едукација

дипл.маш.инж Трајков Стефан

Сашко Димитров

Монтажа и сервис

дипл.ел.инж Сашко Димиторв

graphic05 free img

Најдобри решенија за енергетска ефикасност — достапни по пристапни цени!

Современи технологии за чист воздух, стабилна топлина и природно сушење со сончева енергија.

Секој проект за термо или воздушен систем е поддржан со сигурна и заштитена наплата.

Искористи специјални понуди за соларни сушари и енергетски ефикасни системи.

shipping

Испорака низ цела МК

Брза и сигурна достава до секој град во Македонија.

badge

Најдобар квалитет

Производи проверени според највисоки стандарди.

discount

Најдобри понуди

Секогаш поволни цени и сезонски попусти.

lock

Безбедно плакање

Вашата трансакција е заштитена со најнова технологија.

Shopping Cart