Едукативна опрема за изучување на употребата на сончевата енергија, DO& Learn Erasmus+

Едукативна опрема за изучување на употребата на сончевата енергија, DO& Learn Erasmus+


Portfolio Description
  • 1
  • April 19, 2019

ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОСТАВЕНА ОПРЕМА НАМЕНЕТА ЗА ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА УПОТРЕБА НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА
Опремата се сосоти од соларната градина, мобилна термосифонска единица, мобилна пумпна термална единица, куфер со фотоволтаична единица и перфорирана табла со мерни уреди.
Пумпниот и термосифонскиот термален соларен систем служи за добивање на санитарна топла вода .Учениците ќе пресметуваат колку топлинска енергија е добиена од сончевото зрачење со помош на мерач на сончевото зрчање и покажувач на постигната темпераратура на влезната и излезната температура во колекторот.

Слика 1 . Пумпен и термосифонски термален систем
Дополнително е доставен пресек од плочест термален колектор за да се видат составните делови на еден колектор . Ова овозможува да визуелно се разбере работата на еден колектор и низ каде поминува работниот флуид.


Слика 2. Пресек на термален колекто
Куферот со инсталираниот фотоволтаичен систем е наменет за рурални области. Овде имаме цел да се измерат постигнатите перформанси на еден фотоволтаичен панел. Во овој дел спаѓа исто и уред за мерење на сончевото зрачење .

Слика 3. Мобилен фотоволтаичен панел
Перфорираната табла со мерните уреди се состои од повеќе единици . Фотоволтаичен панел, 2 инвертори ( модифицирана и чиста синусоида)-учениците ги увидуваат придобивтие од употреба на инвертор со чиста синусоида , регулатор за полнење ,акумулатор-гел,3 потрошувачи ,два волтметри , два униметри и 24 конектори.


Слика 4. Перфорирана табла со мерни уреди и делови за фотоволтаичен систем(регулатор за полнење , инвертор,панел,акумулатор,потрошувач)