Hands-on teaching about the solar instalers 2018-2019, supported by the Project in the PROJECT on the development of the business ecosystem

Hands-on teaching about the solar instalers 2018-2019, supported by the Project in the PROJECT on the development of the business ecosystem


Portfolio Description

Солар Македонија  е спроведувач на проектот “ Јакнење на вештините, продуктивноста и вработувањата во Македонските ММСП кои работат со сончева енергија и опрема’. Преку овој проект се вршеа обуки за соларни системи ( монтажа, димензионирање и сервис на термални, фотоволтаични и хибридни PV/T колектори)

Во Еко Солар се вршеше практичниот дел од обуките за соларни системи кои ги организираше Солар Македонија. За таа цел се изработи специјалнизирана опрема на која беа обучени кандидатите.

Учениците  можат практично да ги увидат придобивките од употребата на обновливите извори на енергија, начинот на кој се добива ел.енергија од фотоволтаичен панел, добивањето на санитарна топла вода преку мобилните термални единици. Понатаму со помош на мерните уреди можат да ја увидат постигната температура внатре во бојлерот или колекторот.

Овие обуки се од големо значење со цел да се постигне максимална ефикасност кај инсталираните системи и да се зголеми довербата кај потрошувачите. Поради непрофесионалното инсталирање  на соларните системи и честите сервиси се постигнува најголемата антиреклама. Во моментот опремата можат да ја користат деца од основните училишта па се до студенти на техничките факултети.

Соларната енергија во Македонија е многу малку искористена што е особено загрижувачки имајќи во предвид колку сончеви денови има во нашиот регион. 

Се надеваме дека овие обуки ќе придонесат кон нови вработувања. Како во соларниот така и во другите сектори имаме недостаток на