Air solar collectors 2018-2019, backed by the ФИТР

Air solar collectors 2018-2019, backed by the ФИТР


Portfolio Description

Се работи за иновација на повеќенаменски и модуларен производ, кој нуди намалување на употребата на фосилни горива за греење, ги намалува сметките и емисија на штетни гасови.

Утврдивме дека основната келија во апсорберот на воздушниот колектор наместо две, може да има три лица. Наместо правоаголна, келијата може да има триаголна форма .

ПРВА СТРАНА:

Ова е основна позиција на келиите- цел на иновативниот производ е добивање на топол, чист и сув воздух.  Во оваа позиција има 3 можни функции на системот:

Функција 1. Отворен воздушен круг на греење:  Вентилаторот внесува свеж и воздух од околината и го догрева. Функцијата се користи пролет, есен и зима.

Функција 2. Затворен воздушен круг на греење.  Вентилаторот прави само внатрешна циркулација и догрева истиот воздух во објектот. Фунцијата се користи во зимскиот период или облачно време.

Функција 3: Изнесување и одвлажнување на воздухот. Оваа функција е практична во летниот период.

Која фунција ќе биде активна е преку лептирасти воздушни вентили кои имаат мал електомотор и редуктор. Ова веќе една година го применуваме кај соларни сушари.

ВТОРА СТРАНА НА КЕЛИИТЕ

Ако келиите ги ротитраме за 120°, тогаш се појавува голема фотографија од некоја прекрасна природа на апсорберот. Се дава позитивна порака до околината.

   ТРЕТА ПОЗИЦИЈА НА КЕЛИИТЕ

Ротацијата продложува за нови 120°. Се појавува втора слика на апсорберот. Тоа ќе биде флоуресцентен текст за висината на казните за загадувачите и телефонски број на кој може да се пријави било кој загадувач. Се емитира негатива порака до околината.

Воздушниот колектор, во втора и трета позиција, ја игра улогата на фасаден билборд. Тој најчесто ќе биде активен навечер, кога нема сонце.  

Сликата  и текстот добро се гледаат бидејќи прозрачноста на транспарентната покривка на воздушниот соларен колектор е 86÷93%. Кај втора страна на келиите (сликата од природа) може да е се додаде дополнително осветлување навечер, преку LED рефлектор и пир сензор. За трета страна, (казни) не треба светло. Текстот е флуоресентен.

Воздушниот соларен систем не мора да биде поврзан со мрежата на ЕВН. Тој е енергетски независен. Заедно се вградува и мал фотонапонски соларен систем, наменет за LED осветлување, механизмот за ротација, диференцијалниот термостат и вентилаторите. Тоа се уреди кои трошат малку енергија, а работат повремено.

Преку овој проект се развива нов производ кој ќе има улога да:

  • Догревање на простор во есен, зима и пролет. Ладење и одвлажнување во лето.
  • Навечер е билборд кој дава 2 пораки до околината. Позитивна и негативна.

Проектот е во фаза на прототип систем. Тој се тестира во слична околина со цел да се добијат очекуваните перфоманси. Може да се демонстрира. (TRL6/TRL7)

Новитетот е во ротација на келиите во апсорберот и мултифунционалноста на производот. Тој дава можност за догревање, одвлажнување, ладење на простор, но и билборд кој дава предупредувачка порака.

Доколку клиентот сака, може да се вгради и мерна опрема за да се види колку точно е заштедено енергија. Потоа, преку фактори на конверзја, се пресметува колку е намалена емисијата на штетни елементи во околината.