Едукативна опрема

ЕКО СОЛАР , ВЕРИФИЦИРАНА УСТАНУВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКИ ЗА СОЛАРНИ МОНТАЖЕРИ НА ТЕРМАЛНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ

construction1

„Сончевото зрачење во Македонија се движи помеѓу  1400 kWh/m2 до 1650 kWh/m2 годишно што доведува до исклучително поволна клима за искористување на сончевата енергија. И покрај поволните природни услови искористувањето на сончевата енергија во Македонија е на најниско ниво во Европа.Македонија има инсталирано околу 41 720 m2 сончеви топлински колектори или 0,02 m2/жител и занемарливо малку m2 PV , додека (само како пример), Австрија која е една од водечките земји во ЕУ по искористување на соларната енергија, со околу 30% помало сончево зрачење, има инсталирано  0,65m2/жител сончеви топлински колектори или  5 161 798 m2 инсталирани сончеви топлински колектори и повеќе од 1000  MW PV.

Само при квалитетна инсталација може да имаме намалување на емисија на штетни гасови како и намалена потрошувачка на електрична енергија на долгорочен план.

Сончев систем не може да ја постигне максималната ефикасност ако не е квалитетно проектиран и добро инсталиран. Еден од наголемите проблеми во соларниот сектор на РСМ е инсталација на не сертифицирана опрема како и несертифицираните и не доволно обучени инсталатери и проектанти.

Еко Солар има верифицирана програма од образование за возрасни и е верфицирана како установа.  Веќе се имаа одржано над 10 обуки за соларни монтажери во просториите на Еко Солар. Програмата може да се модифицира во зависност од потребите на странката.

.

Цели

  • Максимална ефикасност на инсталираните соларни системи
  • Инсталација на сертифицирана опрема од страна на лиценциран монтажер
  • Долг век на употреба на соларниот систем