Термална опрема

Пумпниот и термосифонскиот термален соларен систем служат за добивање на санитарна топла вода. Кандидатите што ќе бидат обучени пресметуваат колку топлинска енергија е добиена од сончевото зрачење со помош на мерач на сончевото зрчање и покажувач на постигната темпераратура на влезната и излезната температура во колекторот.

Термосифонската единица содржи: рамен сончев колектор, резервоар, дигитален сончев контролер за интелигентно управување со системот и носечка конструкција. Од друга страна, пумпниот систем содржи: рамен сончев колектор, резервоар, пумпна група, експанзивен сад и дигитален контролер.

Термалните мобилни единици се направени со цел кандидатите практично ги увидат придобивките од инсталацијата на ваквите топлински системи. Дополнително беа извршени мерења од: интензитетот на сончевото зрачење, надворешната температура, температурата на водата во резервоарот, влезна температура, излезна температура и произведената топлинска енергија на секој 15 минути во периодот од 10:00 до 12:00. Резултатите од мерењата се наведени во табела број 1.

Со опремата следуваат и дополнителни задачи освен горенаведените

Наша цел

  • Поголема примена на сончева енергија.
  • Зголемено вработување во соларниот сектор.
  • Заштита на животната средина.