Споредба помеѓу вакумски со плочест термален соларен систем

Пример за несертифи-циран сончев систем

–    Вакуумски сончев сис-тем со стаклени цевки кој дава топла вода без притисок

Пример за сертифи-циран сончев систем

–   Сончев систем со рамни колектори  кој  дава топла вода под притисок

 

НАПОМЕНА

Кој систем дава повисока температура на водата? Вакуумскиот дава повисока температура во зима, бидејќи директно се загрева водата. Кај сончевиот систем со рамни колектори има повисока температура    во пролет, лето и есен. Кај вакуумскиот сончев систем ав-томатски 2 пати во денот се вклу-чува електричен грејач, ако нема сончева енергија. Кај вакуумскиот сончев систем ладењето на водата во бојлерот се случува многу побр-гу и повеќе заради директната циркулација од вакуумските цевки до бојлерот, при што во тој случај водата во цевките директно ја лади водата во бојлерот. Во тој случај се вклучува електричниот грејач во бојлерот и троши многу повеќе електрична енергија. Исто така изолацијата на бојлерот е не-доволна, па ладењето се зголему-ва многу повеќе.

Оваа опција може да се исклучи, но температурата на водата ќе биде многу пониска.

Кај плочестиот колектор, при ниски температури циркулацијата се сто-пира, а со тоа ладењето по тој ос-нов се намалува. Изолацијата на бојлерот е многу подобра така што потрошувачката на електрична енергија е многу помала.

Големина на активна површина за прием на сончева енергија  

од 0,8 до 1,8 m2

 

од 2.0 до 6.0 m2

Вакуумските цевки ја примаат сон-чевата енергија под било кој агол, но се создава сенка од една на друга цевка (ако аголот на сончево зрачење е мал). На пладне, кога сонцето е под прав агол под вакуумските цевки треба да има рефлектирачка површина за да се надополни загубената енергија во празниот простор помеѓу вакуумските цевки.
Максимална измерена температура на вода во сончев бојлер  

99°C

 

115°C

Отчитувањето на температурата кај вакуумските системи се гледа преку контролерот, а кај плочестите преку LCD покажувачот на температура
Дебелина на стакло 3,2 mm 4 mm
Стакло издржува удар од град до: 20 mm 40 mm Не се дава писмена гаранција на сончев систем со вакуумски цевки од удар на град. Кај плочестиот колектор има гаранција, заради сигурносното стакло.
 

Колкава е отпорноста на  сончевиот систем од замрзнување.

 

До -20 °C

во колекторот има вода (постои опасност од замрзнување и пукање на цевки)

 

До -40°C

во колекторот има антифриз

(не постои опасност од пукање на цевки)

Гаранцијата за вакуумскиот систем важи само ако тој е приклучен на електрична енергија. Таа го штити од замрзнување.  Овде мора да се догрее водата со електрична енер-гија преку ноќ за да не замрзне во-дата во стаклените вакуумски цев-ки. Кај плочест колектор нема ва-ков проблем. Таму има антифриз.
 

Кој систем троши повеќе електрична енергија?

Вакуумскиот колектор мора да е вклучен постојано на  електрична енергија Не мора да е вклучен на  електрична енергија Самиот вакуумски сончев систем има контролер кој мора 24 часа да е вклучен на електрична енергија. Тој го контролира полнењето на системот, вклучување на ел.грејач и друго. Кај плочестиот колектор сопственикот сам одлучува кога да вклучи  електрична енергија
Проблем со удар на гром во близина Да, понекогаш има ваков проблем Не, нема ваков проблем Вакуумскиот  сончев систем има голем број на електрични компо-ненти и тие секогаш се под напон од 220 V (електричен  греач) и 12 V (сонда). Колекторот е поставен на покрив. Громот се шири пред да удри и ова електрично празнење можно е да направи штета. За вак-ва ситуација нема гаранција кај вакуумските колектори.
Проблем со мешање  топла и ладна вода  Да, понекогаш има ваков проблем Не, нема ваков проблем Кај вакуумскиот колектор топлата вода е без притисок, а ладната доаѓа под притисок од водоводот. Ако некој пушти ладна вода на друго место, под тушот ќе дојде многу топла вода. Овој проблем го нема кај плочестите сончеви колектори. Таму  ладната и топлата линија се под ист притисок.
Дали казанот на бојлерот издржу-ва директен при-тисок на водовод-на инсталација Не Да Казанот кај вакуумските системи е дебел 0,5 mm, а кај плочестите е 4  mm.
Проблем со нечиста вода и каменчиња Да, понекогаш има ваков проблем Не, нема ваков проблем Кај вакуумскиот сончев систем има електромагнетен вентил.  Во него има филтер. Тој  треба да се исчис-ти од каменчиња ако дојде до нивно таложење.
Дали во колекторот се создава бигор и ја намалува ефикасноста? Да, со текот на времето се јавува овој проблем Овде нема ваков проблем во колектор Во вакуумските стаклени цевки има постојано вода. Над 60°C во стаклената цевка се создава бигор. Кај плочести колектори има антифриз и нема бигор.
Гаранција 1 год. на електроника на бојлер, 5 год. на  казан на бојлер 2 год. на електроника на бојлер, 5 год. на казан на бојлер, 7 год. на колектор
Век на траење на колектор до 5 год.

(Вакуумот постепено се губи и цевката станува бела)

До 25 год.  (внатре има бакар, алуминиум, сигурносно стакло) За вакуумските цевки не се дава писмена  гаранција, но  за плочестиот колектор има 7 год. Ако некој нуди вакуумски цевки со век на траење од 15 год.  тоа е несериозна понуда.