Производи

Соларна сушара ECO 120+ Мобилна фотоволтаична единица

 

 

Соларната сушилница е дизајнирана на тој начин што максимална апсорбција на сончево зрачење е достапна во текот на целиот ден. Ова е овозможено на тој начин што секој дел од сушилницата (источна страна на сушилница, западна страна на сушилница, главниот бакарен апсорбер и вратата) е апосрбер. Секој од овие делови е обоен со селективна боја која има 85% апсорбција и 15% на емисија на сончевото зрачење. Целата сушилница е обвитката со поликарбонат (10mm) што го спречува дирекниот контакт на продуктот што се суши. Заштитната обвивка не дозволува топлината да излегува надвор од сушилницата и ги заштитува продкутите од секакво надворешно штетно влијание.

Доколку сушарата се употребува на  места каде нема електрична енергија дополнително се инсталира мобилна фотоволтаична единица[Слика 5.] со следните карактеристики: Фотоволатичен панел 250W,24V ; Инвертор 2000W(модифицирана синусоида), акумулаторски батерии 2×72 Ah и регулатор за полнење MPPT 20A. Битно е да се напомене дека оваа единица ги задоволува потребите за напојување на вентилаторот и електрониката ,но не и за ел.грејач. Доколку се приклучи и ел.грејач потребна е инсталација на повеќе панели.

  • Коментари (0)

Коментари

Се уште нема коментари


Бидете први кои ќе коментирате “Соларна сушара ECO 120+ Мобилна фотоволтаична единица”