Соларни сушари


Еко Солар го лоцираше проблемот на пазарот со фрлање на големо количество на овошје или зеленчук. За таа цел ја дизајнираше соларната сушара “ECO-120” каде најголем дел од енергијата потребна за сушење се добива од сонцето.

Во минатото зачувувањето на храната се одвивало исклучиво со сушење на сонце (на отворено). Со напредокот на технологиите се појавиле и други посовреме-ни методи кои користат различни извори на енергија. Меѓутоа, потрошувачката на енергија при користење на конвенционалните техники е прилично висока.

Принципот на работа на соларната сушилница е на тој начин што топлиот воздух како полесен од ладниот се качува во гордната зона на комората. Движејќи се нагоре, топлиот воздух доаѓа во контакт со продуктот што се суши и се одзема одредено количество на влага. Во самата комора е вграден електричен грејач се со цел за процесот на сушење да продолжи кога нема сончево зрачење. Циркулацијата на воздухот внатре во сушарата е принудна со помош на два аксијални вентилатори. Топлиот воздух содржи големо количество на влага и ја напушта сушарата низ издувниот вентилатор.

Соларната сушилница е направена на тој начин што максимална апсорбција на сончево зрачење е достапна во текот на целиот ден. Ова е овозможено на тој начин што секој дел од сушилницата (источна страна на сушилница, западна страна на сушилница, главниот бакарен апсорбер и вратата) е апосрбер. Секој од овие делови е обоен со селективна боја која има 85% апсорбција и 15% на емисија на сончевото зрачење. Целата сушилница е обвитката со поликарбонат што го спречува дирекниот контакт на продуктот што се суши. Заштитната обвивка не дозволува топлината да излегува надвор од сушилницата и ги заштитува продкутите од секакво надворешно штетно влијание.

Во зависност од поделбата на соларни сушари , ЕКО120 спаѓа во групата на дирекни сушилници со принудна циркулација на воздухот.

Електрониката во сушарата го контролира процесот на сушење согласно со тоа за каква земјоделска култура е наменет процесот на сушење. Сушарата е првенствено дизајнирана да ja користи сончевата енергија, додека догревањето да биде со електрична енергија. Автоматскиот мултифункционален контролер работи со помош на микропроцесор кој се програмира во зависност од продуктот што се суши.

За подолго складирање на земјоделски култури (плодови) се користи процес на дехидрација, односно сушење. Во суштина, главната цел на процесот е да се отстрани доволно вода од продуктот за да се овозможи негово подолго складирање без гниење заради појава на бактерии или габи. Содржината на влага кај повеќето плодови е од 80% до 95%. Со сушењето се намалува масата и волуменот на прехранбените продукти. Исушената храна може да се конзумира како таква или повторно да се хидрира.

Сушените овошки и зеленчук лесно се складираат и транспортираат. Во сезоната на берба на плодовите, сушењето овозможува нивно зачувување и корис¬тење во текот на целата година. Преработката на храна со нејзина дехидрација (сушење) добива се поголемо значење заради продолженото време на складирање, намалената маса, полесно ракување при транспорт и снабдување на потрошувачите. Намалената маса (1/4 до 1/9 од свеж продукт) и волумен, го намалуваат потребниот простор за складирање, како и транспортните трошоци.

Предноста на сушењето е во намалувањето на активноста на содржаната вода, со што се спречува развојот на микроорганизми, мувла и габи. Така храната подолго може да се чува без да се расипе. Сушењето нуди високо ефективен и практичен начин за зачувување на земјоделските производи, па може да се чека поволна цена и да се регулира снабдувањето на пазарот според побарувачката.

Кога станува збор за користење на сончевата енергија за сушење на земјоделски производи за мали стопанства и сопствени потреби во домаќинствата, дефинитивно се говори за исплативо решение. Се чини дека техноекономската предност на сончевите сушилници повеќе е поврзана со намалувањето на загубите после жетва/берба отколку со заштеда на конвенционална енергија. Ова очигледно е дополнителната вредност која ја добиваат исушените производи во сончеви сушилници, како: рамномерен и зголемен квалитет, задоволени фитосанитарни барања, можност за пласман кога цените се прифатливи (независност од пазарните услови), можност за поголема заработка со повисока класа на производи, итн.

Различните продукти (плодови, билки) имаат различни максимални дозволени температури за сушење. Температурата на воздухот за сушење не треба да ја надмине максимално дозволената вредност, а тоа се постигнува со прилагодување на должината на сончевиот колектор (за тунелска сушара) или протокот на воздух преку бројот на вентилатори во функција.

 

Фотонапонските системи се многу соодветни за погонување на вентилатори за сушилници бидејќи температурата на воздухот за сушење автоматски се контролира со сончевото зрачење.

Преку проектот на фитр се работи на континуирано подобрување на ефикасноста на сушарата.

Наша цел

  • Намалено фрлање на храна
  • Заштита на животната средина
  • Грижа на обновливите извори на енергија