Новости

Еко Солар обезбеди CE ознака за соларната сушара ECO-100

Еко Солар во декември 2018 година се сертифицираше според стандардот ISO 9001:2015.  Сертификатот беше издаден од страна на Словенскиот институт за квалитет SIQ.

При издавањето на овој документ, Еко Солар потврдува дека системите за управување на организацијата се систематски врзани и применети во согласност со овие правила, дека утврдените правила се ревидираат во зависност од условите за развој и кога е потребно, а со тоа се обезбедува континуитет.

Со цел да се настапи на европскиот пазар  и одржувањето на високо ниво воведувањето на ISO 9001:15 станува неопходен предуслов за успешност и развој.

Во Мај 2020, Еко Солар го обезбеди и CE ознака за соларните сушари. Што во превод значи дека производот е направен според европските регулативи.

Соларната сушара беше подготвена да се претстави на најголемиот саем за соларна техника  „Интерсолар“ во Минхен. Од разбирливи причини саемот е одложен на неодредено време и според новите планови се чека потврда за настап на саемот во Јуни 2021.

Share this post