Соларни сушари за зеленчук и овошје 2018-2020, поддржан од ФИТР

Соларни сушари за зеленчук и овошје 2018-2020, поддржан од ФИТР


Portfolio Опис

Нас: Сушwарниците на „Еко солар“ користат сончева енергија за сушење овошје и зеленчук

Г-дин Трајков, Фондот за иновации и технолошки развој ќе го финансира проектот на „Еко солар“ за производство и продажба на мали и средни соларни сушарници за овошје. За каков проект се работи?

Компанијата „Еко солар“ на повикот на Фондот за иновации и технолошки развој конкурираше со проектот за сушарница соларна сушара, која со помош на сончевата енергија суши овошје, зеленчук, чаеви, билки, печурки итн. Се работи за иновативен, енергетски ефикасен и еколошки производ, кој со искористувањето на енергијата од сонцето ја штити животната средина, а од друга страна производството на сушени производи го прави многу поефикасно и финансиски поисплатливо.

Сушарницата соларната сушара е дизајнирана на тој начин што може да работи во текот на целото деноноќие, бидејќи во неа има вградено и електричен грејач, со помош на кој, во вечерните часови или во период кога нема сончево зрачење, продолжува процесот на сушење. Чиниите во сушарницата се изработени од инокс што се запазуват стандардните за квалитетно сушење.

Што е предноста на вашите соларни сушари, во однос на конкурентските, кој е иновативниот дел во овој проект?

Соларната сушарница на „Еко солар“ – ECO 120 има можност за максимална апсорбција на сончевата енергија во текот на целиот ден. Тоа се постигнува со нашето иновативно решение да секоја страна на соларната сушарница е апсорбер. Главниот апсорбер е изработен од бакар, но и другите страни на сушарницата, исто така ефикасно апсорбираат сончеви зраци.

Дополнителна предност на суларната сушарница е електрониката што Еко солар ја користи во производството. Тоа овозможува процесот на сушење целосно да биде контролиран. Врз основа на производот што сакаме да го сушиме, ги внесуваме препорачаните параметри за сушење, со цел да добиеме краен производ со поголем квалитет. Доколкуна пример, во моментот кога се користи сушарницата, имаме сончево зрачење со мал интензитет, автоматски се вклучува електричниот грејач, се` до моментот додека не се постигне посакуваната температура. Тогаш исто така автоматски, самата електроника го исклучува грејачот.

 

Каде наоѓа примена соларната сушарница, дали можат да ја користат и домаќинства?

Целната група за овие производи ни се земјоделците или компаниии кои се занимаваат со сушење на овошје, зеленчук, билки….. Капацитетот на овој модел е сушење од 100 до 150 килограми на ден, во зависност од продуктот.

Сепак, откако го анализиравме пазарот и ги разгледавме сите мислења на наши клиенти и потенцијални клиенти, заклучивме дека на пазарот има потреба и од соларни сушарници со поголем капацитет. Нашата земја е производител на врвни земјоделски производи, овошје и зеленчук со голем квалитет, кој е високо ценет на странските пазари. Заради тоа сметаме дека бизнисот и вложувањето во сушарници, особено оние кои користат сончева енергија е многу исплатливо.

Во моментов работиме на конструирање сушарница со капацитет на сушење од 500 кгилограми на ден. Според истражувањето што го спроведовме, во Македонија постојат сушарници со овој капацитет кои работат на нафта или дрва. Нашата цел, пак, е во иднина што поголем број од сушарниците како примарен извор ја користат сончевата енергија, а сите останари како секундарен извор.

 

Што ве мотивираше да се јавите на повикот на Фондот?

Македонија, како што спомнав, е земја која има големо производство на многу квалитетен зеленчук и овошје, заради посебните географски услови, благата клима, големиот број сончеви денови и достапноста до вода. Но, и покрај сите тие поволности, ние увезуваме сушено овошје, што е незамисливо и недозволиво. Од друга страна, пак, цената на сушеното овошје е неколку пати поголема од таа на свежото овошје, што треба да биде дополнителен стимул за земјоделците да инвестираат во овој правец. Заради тоа мислевме дека на нашиот пазар има простор да се понуди еден ваков производ, што ефикасно ќе го искомбинира и искористи количеството сончева енергија што ни е на располагање, заедно со понудата на квалитетни производи за сушење. Секако, на крај на купувачите на македонскиот пазар ќе им се понудат и квалитетни сушени производи.

 

Какви се првичните реакции на пазарот, имате ли купувачи за сушарницата?

Мислам дека купувачите се` уште не се доволно информирани дека на нашиот пазар се нуди ваков производ . Досега бројот на купувачи е задоволителен, но во иднина очекуваме да биде поголем. Можам да кажам дека меѓу земјоделците постои мала скептичност, но така беше и со фотоволтаиците пред неколку години, така е, веројатно, со секој нови производ. Процесот на сушење е комплексна работа, па треба време нашите купувачи да ни пратат одреден фидбек за тоа како поминал процесот на сушење, колку траел и во кои услови. Во делот на проектни активности, што беше доставен во Фондот за иновации, е предивден и дел со консултанти, кои ќе бидат задолжени конкретно за работни услови во сушарата за одредена група на земјоделски производи.

Пробивањето на сушарницата на домашниот пазар во моментов ни е приоритет, бидејќи за да настапиме на странските пазари треба прво високо да котираме на домашниот. Заради тоа, во овој период ќе се повсветиме на промовирање на соларната сушарница пред домашните купувачи. Во иднина, секако, планираме и излез на пазарите во Европа и во светот.

1.Опис на еден процес на сушење

До скоро имавме ситуација на сушење на вишна . Таа ни беше доставена замрзната и без семка. Најпрво вишната се одмрзнува, а потоа се суши. Покрај сушење на вишна до сега имаме пробано:сушење на јаболка и модри домати. Следно што е предвидено е печурка .

2 Награда за ЕкоНова

Наградата за ЕкоНова беше едно пријатно изненадување за сите нас , бидејќи не ја очеквувавме ни најмалку. Добивме прво место во полето екологија од делот Макинова(дел за иновации) . Настапивме со соларна сушара поврзана со мобилна фотоволтаична единица , бидејќи процесот на сушење може да се одвива и на места каде нема електрична енергија. Производената ел.енергија ги задоволуваше потребите за електрониката, вентилаторите, мерната опрема но не и за грејачите.

  1. Тимот

Моментално броиме двајца машински инженери , еден ел. Техничар и двајца маш. Техничари. Јас сум со релативно најкраток период во целата таа приказна , додека останатите имаат над 10 години заедно поминато исклучиво во соларната техника. За понатамошното усовршување на сушарата е предвиден ангажман на консултанти.