Еко Солар настапи на саемот „АГРО САЕМ Струмица 2019“
Еко Солар ги претстави своите три производи ( Соларната сушара ЕКО 120; Мобилната фотоволтаична единица; Мини сушара) на саемот „АГРО САЕМ Струмица 2019“ наменет за земјоделска механизација кој за прв пат се одржа во Струмица.
Саемот беше посетен од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. претставници од УНДП како и градоначалникот на Општина Струмица.
Ова беше одлична прилика за Еко Солар да ги претстави своите најнови производи пред земјоделците, фармерите и инвеститори во обновливите извори на енергија.
Саемот и дел од проектот „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во Банско, Муртино и Робово”.