Претставување на резултатите од проектот О2 предизвик, поддржан од ФИТР

Претставување на резултатите од проектот О2 предизвик, поддржан од ФИТР

Во Тетово беа презентирани досегашните резултати од спроведувањето на проектите избрани во рамките на Јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Република Македонија „О2 предизвик“:

– Бизнис енд иновејшн центар од Тетово го презентираше софтверското решение и бизнис моделот за инвестиции за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови.

– Еко Солар од Штип го презентираше технолошкото решение за изработка на соларен воздушен колектор со ротирачки ќелии кој го загрева воздухот со помош на сончева енергија и помага за догревање на просториите.

– Бизифај од Битола изработи течност од еколошки полимери која има способност да ги апсорбира штетните ПМ 2,5 и ПМ 10 честитчки и треба да се користи за прскање на градежни површини и патишта

– Технобен Нова од Прилеп претстави плочест топлиноразменувач со вграден Вентури апарат како интегрирана целина за прочистување на гасовите што се испуштаат од одредени индустриски објекти

– Венито Комерц од Кавадарци го презентираше проектот за развивање на нов систем на градски превоз со електрични велосипеди кои имаат вградени филтри за прочистување на воздухот

Јавниот повик го спроведе #ФИТР во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), О2 Коалиција, Град Скопје, Еко Свест. Овој повик има за цел иницирање иновативни идеи и акции кои ќе поттикнат решавање на проблемот со загадувањето.

Share this post