Еко Солар обезбеди CE ознака за соларната сушара ECO-100
Еко Солар во декември 2018 година се сертифицираше според стандардот ISO 9001:2015. Сертификатот беше издаден од страна на Словенскиот институт за квалитет SIQ.
При издавањето на овој документ, Еко Солар потврдува дека системите за управување на организацијата се систематски врзани и применети во согласност со овие правила, дека утврдените правила се ревидираат во зависност од условите за развој и кога е потребно, а со тоа се обезбедува континуитет.
Со цел да се настапи на европскиот пазар и одржувањето на високо ниво воведувањето на ISO 9001:15 станува неопходен предуслов за успешност и развој.
Во Мај 2020, Еко Солар го обезбеди и CE ознака за соларните сушари. Што во превод значи дека производот е направен според европските регулативи.
Соларната сушара беше подготвена да се претстави на најголемиот саем за соларна техника „Интерсолар“ во Минхен. Од разбирливи причини саемот е одложен на неодредено време и според новите планови се чека потврда за настап на саемот во Јуни 2021.